Санаториум - "Санаториум"


Ова е САНАТОРИУМ од Скопје, бендот кој ќе ве одведе во центарот на лудилото, ќе ви го разнесе умот и ќе ве одведе на работ на разумот; бенд кој располага со огромна моќ и енергија. САНАТОРИУМ е составен од четири члена:
Перо Стефановски (гитара и вокал),
Константин Качев (гитара),
Горан Станковиќ (бас гитара)
и Горан Атанасов (тапани).
Мрачните мелодии на гитарскиот тандем и експлозивната ритам секција, засилени со вокалот на Перо и пратечките вокали го прават САНАТОРИУМ навистина јак, експлозивен, целосен, зрел, моќен и екстремно гласен бенд.





video

video

Nema komentara: